Prijavi problem

Зоран Танчев го освои силниот шаховски турнир во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“

Published on: 28.07.2019 - 00:16

Општина Илинден во соработка со Шаховската федерација, во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“,  што е дел од богатата програма за одбележување на патрониот празник на Општината  „Илинден 2-ри Август“, реализираше уште еден многу силен шаховски турнир.

На традиционалниот турнир што се одржа во Домот на култура „Илинден“ учествуваа 35 шахисти, а титулата најдобар ја понесе Зоран Танчев. На второто место се пласираше Љубомир Илиќ, а трет беше Александар Кралевски. Најдобро пласиран шахист од Општина Илинден  и оваа, како и минатата година беше Душко Сурловски, пред Трајче Христовски и Живан Станисавовски.

Се играше по швајцарски систем од 7 кола, според ФИДЕ Правилата за забрзан шах, а темпото на игра беше 10 минути по играч со додаток од 02 секунди по потег.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски како покровител на манифестацијата, со одигрување на првиот потег на првата табла го означи стартот на турнирот, на кој според експертите се одиграа повеќе квалитетни и пред се интересни партии.

Посебна плакета за учество и поддршка во организирањето на Спортскиот викенд „Илинден 2019“ градоначалникот Стојановски и додели на Шаховската федерација на Македонија. Во име на Федерацијата плакетата ја прими легендата на македонскиот шах Димитар Илиевски.

На најдобрите шахисти на турнирот им беа доделени пригодни награди и плакети.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013