Prijavi problem

Меморијален фудбалски натпревар во чест на Роберт Петковски

Published on: 02.06.2019 - 00:59

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили Роберт Петковски кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, на фудбалското игралиште во Бунарџик, се одржа меморијален натпревар меѓу екипите на Бунарџик-Роберт Петковски и на Миладиновци.

Во рамките на одбележувањето беше положено свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, во присуство на семејството на Роберт Петковски и на   претставниците на Општина Илинден, предводени од градоначалникот Жика Стојановски.

Годинава се одбележуваат 18-ет години од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце во 2001 година.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013