Prijavi problem

Фудбалскиот клуб Кадино влезе во Втората македонска лига

Published on: 31.05.2019 - 16:51

Фудбалскиот клуб Кадино од Општина Илинден го одбележа влегувањето во Втората македонска фудбалска лига. Во натпреварувачката сезона 2018/2019 ФК Кадино го освои првото место во Северниот регион и со тоа направи историски успех.

По тој повод беше организиран настан на фудбалското игралиште во Кадино на кој покрај големиот број граѓани-љубители на фудбалот, стопанственици и гости присуствуваа и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Во своето обраќање до присутните градоначалникот Стојановски на фудбалерите на Кадино им го честиташе влегувањето во Втората лига, посакувајќи им уште многу вакви моменти на успеси. Тој им се заблагодари на жителите на н.м. Кадино за поддршката, како и на управата на клубот за нивната посветеност во работата, а најмногу на фудбалерите за нивната пожртвуваност и упорност во постигнувањето на овој успех. Тој истакна дека Општината и во иднина ќе инвестира во изградба на квалитетна спортска инфраструктура која е основен предуслов за постигнување на високи спортски резултати, како и овозможување на младите да имаат простор за истакнување на своите спорстки и рекретаивни способности.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, заблагодарувајќи се за поканата да присуствува на еден ваков настан и честитајќи им го успехот на фудбалерите на Кадино, истакна дека му е чест и задоволствио што е гостин во општина каде што има клубови кои што напредуваат и добри спортски терени. Тој додаде дека Општина Илинден е пример за тоа како се прават успешни спортски резултати.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013