Prijavi problem

Успешно реализирана манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение “

Published on: 25.04.2019 - 13:14

Со масовна посетеност на граѓани од сите возрасти кои што даруваа книга за Велигденско јајце, Општина Илинден ја реализираше 13-та традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“. Домот на култура „Илинден“ уште еднаш беше домаќин на успешна реализација на оваа оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата.

 

 

Во чест на Двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, беа украсени 2019 црвени Велигденски јајца, па секој посетител на манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце.

Покрај најмалите, дечињата од градинката „Гоце Делчев“, основците од трите општински основни училишта, „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“, средношколците од СОСУ „Илинден“ и голем број граѓани, во манифестацијата се вклучија и преставниците од бизнис секторот, издавачки куќи, научни институции и факултети...

И годинава дел од манифестацијата беа повеќемина познати македонски писатели кои со дарувањето на книги од нивното творештво даваат голем придонес во збогатувањето на библиотечниот фонд, но и придонес во продолжувањето на успешната соработката меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Општина Илинден.

Општина Илинден им искажува благодарност на сите досегашни учесници во манифестацијата, на преставниците од бизнис заедницата, на издавачките куќи, на научните институции и факултети, на писателите, на учениците и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд, давајќи придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

Во изминатите 12 години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” беа обезбедени вкупно 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, библиотеката во Домот на култура „Марино“ и училишните библиотеки во Општина Илинден.

Нема никакво сомнение дека овој број на книги ќе биде многу поголем по пребројувањето на подарените книги од годинешната манифестација кои се наменети за библиотеката во Домот на култура „Марино“.

 Акцијата ќе трае преку целата година, па така оние што имаа желба, а не беа во можност да учествуваат во манифестацијата, тоа можат да го сторат во било кое време.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013