Prijavi problem

Одбележани Денот на пролетта и Светскиот ден на водата

Published on: 22.03.2019 - 14:29

Со низа активности во Општина Илинден беше одбележан 21. Март Денот на пролетта и 22. Март-Светскиот ден на водата.

На неколку локации во Општината продолжи реализацијата на проектот „Со зеленило против загадувањето“ со кој е опфатено озеленување на површина од 70.000 квадратни метри и засадување на 700 садници. Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока  одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница. Затоа, отворен е повикот на Општина Илинден до сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучуваат во реализацијата на еколошките проекти.

Во насока на одржување на озеленетите површини и заштеда на водата од водоводниот систем, на повеќе локации издупчени се бунари од кои озеленетите површини ќе се наводнуваат со техничка вода.

По повод Светскиот ден на водата вработените во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ подготвија флаери под мотото „Вода за сите – кој и да си, каде и да си, водата е твое човеково право“, со информации за значењето на водата за настанокот, развојот и одржувањето на животниот циклус на целокупниот жив свет, што беа поделени на граѓаните на Општината.

Традиционално дечињата од градинката „Гоце Делчев“ го посетија ЈКП „Водовод“, при што можеа да се запознаат со важноста на водата во секојдневниот  живот  и како треба да ја чуваме и штедиме. Притоа, дечињата по повод Денот на водата на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски му подарија пригоден подарок што самите го изработија.

Почетокот на пролетта и Светскиот ден на водата беше повод дечињата од градинката да подготват изложба посветена на овој настан, но и да засадат зимзелени садници во дворот на градинката.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013