Prijavi problem

Советот го донесе планот за работа за подобрување на патната инфраструктура во 2019 година

Published on: 01.03.2019 - 16:21

Советот на Општина Илинден го донесе Планот за изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици на подрачје на Општина Илинден за 2019 година. На својата 19-та редовна седница што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, советниците со свои предлози активно учествуваа во носењето на овој работен план, подготвен согласно средбите со граѓаните и потребите на бизнис секторот, како и предлозите дадени од буџетските форуми.

Динамиката на извршување на Планот зависи од приливот на финансиски средства во Буџетот на Општината, како и обезбедените средства од домашни и странски финансиски институции. Согласно реалните потреби главните влезови и сообраќајници во Општината ќе бидат приоритети за работа, бидејќи преку нив се одвива најголема фрекфенција на сообраќај.

Дополнителен приоритет ќе имаат и улиците и патиштата кои се од голема важност за подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден, безбедноста на учесниците во сообраќајот, како и овозможување квалитетни услови за стопанисување на правните субјекти од подрачјето на Општината.

Носењето на овој план покажа дека реализацијата на проектот за изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на локалните улици и патишта и подобрувањето на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони остануваат приоритети во работењето на Општина Илинден.

На истата седница советниците донесоа повеќе одлуки. Меѓу другото, беше донесена одлука за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Илинден за период од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година. Беа усвоени и завршните сметки на Средно општинско стручно училиште „Илинден“ за 2018 година, завршните сметки на основните општински училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, како и градинката „Гоце Делчев“. На седницата беше донесена Одлука за давање согласност на Извештајот за работата и резултатите од работењето на ЈКП „Илинден“ за период  од 01.01.2018 до 31.12.2018 година, како и Одлука за давање на согласност  на годишната сметка  на ЈКП „Илинден“ за   2018 година.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013