Prijavi problem

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец во посета на Општина Илинден

Published on: 01.03.2019 - 09:32

Во работна посета на Општина Илинден престојуваше амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Јазбец. За време на престојот во Општината тој оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски, а беше реализирана и посета на локалните економски зони, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Посетата е резултат на досегашната успешна и плодна соработка на Општина Илинден и претставниците на словенечката амбасада во нашата земја, и воопшто соработката со Република Словенија. Плод на оваа соработка е и изградбата на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во чија изградба свој удел имаше и Република Словенија. Имено, изградбата на училиштето што траеше осум месеци, заедно со комплетното опремување и надворешно хортикултурно уредување изнесуваше 116 милиони денари, или околу 1,9 милиони евра, од кои 1,4 милиони евра беа обезбедени од Буџетот на Општината, а 500 илјади евра беа грант од словенечката влада, како дел од реализираната билатерална соработка меѓу нашата влада и Владата на Република Словенија. 

Ова беше повод за посета на училиштето каде што амбасадорот на Република Словенија беше запознаен со одвивањето на образовниот процес во училиштето, во кое во моментот 250 ученици имаат можност да се образуваат во повеќе најсовремено опремени кабинети  за струките електротехничар за електроника и телекомуникација и електротехничар за компјутерска техника и автоматика.  

На средбата, покрај другото, градоначалникот Стојановски на својот гостин  му ги презентираше и можностите што ги нудат локалните економски зони, а го запозна и со реализацијата на капиталните проекти, како и со  можностите за развој на образованието, културата, спортот, во Општина Илинден.

На крајот од средбата меѓу градоначалникот Жика Стојановски и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, заедничка беше констатацијата дека досегашната успешна соработка на сите полиња и со поголем интензитет треба да продолжи и во иднина.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013