Prijavi problem

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Published on: 25.02.2019 - 15:08

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Архитектонско урбанистички проект за спојување на ГП 1.04 и ГП 1.19 и препарцелација на ГП 1.02 КО Илинден вгр, Општина Илинден (Г2-лесна и незагадувачка индустрија) согласно УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден -УБ1-(измена и дополна) О.Илинден, како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

За Архитектонско урбанистички проект за спојување на ГП 1.04 и ГП 1.19 и препарцелација на ГП 1.02 КО Илинден вгр, Општина Илинден (Г2-лесна и незагадувачка индустрија) согласно УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден -УБ1-(измена и дополна) О.Илинден

Јавната анкета за Архитектонско урбанистички проект за спојување на ГП 1.04 и ГП 1.19 и препарцелација на ГП 1.02 КО Илинден вгр, Општина Илинден (Г2-лесна и незагадувачка индустрија) согласно УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден -УБ1-(измена и дополна) О.Илинден ќе се спроведе во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам и со излагање на  предлог проектот  на јавно место во просториите на Општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 01.03.2019 година до 07.03.2019 година.

 

Јавната презентација ќе се одржи на 06.03.2019 година (среда), со почеток во 13,00 часот во просториите на Општина Илинден.

    

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Горе споменатиот Архитектонско урбанистички проект е изработен од ТАЈФА-ПЛАН ДОО – Скопје, со тех. број 058/11/18 од јануари 2019  година.

 

Целта на изработка на Архитектонско урбанистичкиот проект: 

Целта на архитектонско-урбанистичкиот проект е изнаоѓање на решение за

спојување на градежната парцела 1.04 и градежната парцела 1.19 во една градежна парцела и препарцелација на градежната парцела 1.02 во согласност со катастарската парцела, предвидената намена и стандардите и нормативите за урбанистичко планирање.

Архитектонско-урбанистичкиот проект е изработен врз основа на Извод од АУП за ГП 1.04 (Г2-лесна и незагадувачка индустрија) согласно УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс – УБ 1 (измена и дополна) КО Илинден, О.Илинден (усвоен со бр. 07-1967/2 од 15.10.2018 год.) со бр. 10-2142/2 од 13.11.2018 год., Извод од УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс – УБ 1 (измена и дополна) КО Илинден, О.Илинден (донесен со одлука бр. 07-1109/5 од 24.07.2017 год.) со бр. 10-2141/2 од 13.11.2018 год., Извод од УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс –УБ 1 (измена и дополна) КО Илинден, О.Илинден (донесен со одлука бр. 07-1109/5 од 24.07.2017 год.) со бр. 10-2012/2 од 22.10.2018 год. и доставените Проектни програми од Инвеститорите.

Предметниот локалитет се наоѓа на територијата на оштината Илинден, кој преку денивелирана клучка на автопатот А-2а (Скопје – Куманово) е поврзана со пошироко опкружување.

Проектниот опфат кој е предмет на разработка на овој архитектонско-урбанистички проект е дефиниран со Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден – УБ 1 – (измена и дополна)Општина Илинден и ги опфаќа градежните парцели 1.02, 1.04 и 1.19 во чиишто рамки се опфатени КП 193/5, КП 193/6, КП 194, дел од КП 195/3, дел од КП 195/5, КП 195/8, дел од КП 195/9, КП 195/10, КП 203/2, дел од КП 2822/2 и дел од КП 2858/4, КО Илинден вгр.

 

Границите на проектниот опфат се следни:

  •    На север границата оди по осовината на улицата “3”
  •    На запад  границата оди по осовината на улицата “2”
  •    На југ границата оди по осовината на улицата “1”
  •    На исток  границата оди по осовината на улицата “11”

 

Границата на проектниот опфат ги има следните координати:

 

Ред. бр.                      X                                   Y

 

 

1.              4651683.20                     7547833.53   

2.              4651551.04                     7548058.68

3.              4651396.16                     7548325.28              

4.              4651224.33                     7548302.82              

5.              4651079.97                     7548286.45                          

6.              4651097.29                     7548223.31             

7.              4651139.49                     7548069.46

8.              4651169.87                     7547959.74

9.              4651181.65                     7547929.31

10.            4651196.24                     7547902.83

11.            4651212.58                     7547879.05

12.            4651230.35                     7547858.96

13.            4651257.50                     7547829.70

14.            4651303.25                     7547780.41

15.            4651334.91                     7547745.93

16.            4651353.16                     7547721.76

17.            4651379.25                     7547676.42

18.            4651386.21                     7547663.64

19.            4651393.18                     7547650.90

20.            4651406.35                     7547627.45

21.            4651414.77                     7547614.05

22.            4651421.81                     7547608.28             

23.            4651431.28                     7547605.27

24.            4651443.38                     7547606.97

25.            4651594.38                     7547701.74

26.            4651645.07                     7547738.30

27.            4651710.64                     7547787.13

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на проектниот опфат изнесува 73715,50 м2.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

АНКЕТЕН ЛИСТ

АУП за спојување на ГП 1.04 и ГП 1.19 и препарцелација на ГП 1.02КО Илинден, О. Илинден (Г2-лесна и незагадувацка индустрија) согласно УПВНМ Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден -УБ1-измена и дополна 

УПВНМ за дел од стопански комплекс Илинден Блок 1 Општина Илинден

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013