Prijavi problem

Локален совет за превенција: Конкретни мерки за поголема безбедност во сообраќајот

Published on: 17.02.2019 - 02:43

 

Во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ се одржа работен состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Илинден. На дневен ред на Советот со кој претседаваше градоначалникот Жика Стојановски беше безбедноста во сообраќајот и воспоставувањето на механизми за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница, како и разгледувањето на можностите за превентивна заштита и решавање на безбедносните проблеми во локалната заедица.

Покрај членовите на Локалниот совет за превенција што го сочинуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, претставници на Советот на Општина Илинден, претставници на невладиниот сектор, на јавните претпријатија, на медиумите, на месните заедници и на локалната самоуправа, на работниот состанок присуствуваа и претставници од Советот на родители на училишните одбори од ООУ ”Гоце Делчев”, СОСУ ”Илинден” и ЈОУДГ ”Гоце Делчев”, претставници од бизнис секторот, како и претставници од Асоцијацијата на здружение на возачи (Мак Транс).

-Како локална самоуправа очекуваме сите прашања што ги тангираат граѓаните, бизнис секторот и другите чинители на заедницата да наоѓаме начини да ги решзваме, пред се превентивно, меѓутоа и сето она што ќе биде донесено како заклучоци многу е значајно понатаму да го имплементираме. Тоа и е целта, да имаме еден сериозен пристап кон секој одреден проблем. Секако дека има проблеми, но ние сме тука да наоѓаме решенија. Ако сите чинители на заедницата дадат дел од себе Општината може со многу побрзи чекори да оди напред, истакна во воведното излагање градоначалникот Жика Стојановски.

На состанокот беа разгледани повеќе теми од областа на безбедноста на сообраќајот за што беа донесени и соодветни заклучоци.

Како еден од поголемите проблеми во сообраќајот беше посочено  транзитирањето на тешките товарни возила низ Општината кои значително влијаат на оштетувањето на патната инфрструктура, но и директно влијаат на безбедноста на учесниците во сообраќајот, на пешаците, а особено на учениците во централното подрачје на Општината. Притоа, и преку искажувањата од страна на овластените претставници на транспортните здруженија, но и од страна на претставниците на јавните општински установи, училиштата, градинката, Советот на родителите, заеднички беше потенцирано дека во идниот период, со воведување на одредени мерки, интензивно треба да се работи на подобрување на состојбата.

На состанокот, исто така, беше посочено дека треба да се спроведат превентивни мерки на полето на едукацијата, пред се во интензивирањето на соработката меѓу граѓаните, полицијата и локалната самоуправа. Како што беше посочено на состанокот, за ова многу ќе придонесе и отворањето на полициска канцеларија во Општина Илинден, при што граѓаните за одредени проблеми ќе можат директно да се обратат на полициските службеници.

-Уште на почетокот на нашата соработка си поставивме задача да отвориме полициска канцеларија овде во Општина Илинден, и да создадеме услови за 24 часовно наше присуство во Општината и опслужување на граѓаните. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо, зашто ние сме постојано подготвени за секаков вид на соработка, истакна Сашо Велковски, командир на Полициска станица Гази Баба.

Отворањето на полициска канцеларија е прв чекор кон отворање на полициско одделение во Општината, затоа што реално ова го налага и интензивниот локален економски развој на Општина Илинден, каде што последниве години има голем прираст како на населението така и на бројот на стопански субјекти, што од своја страна налага и поголема присутност на службите на Министерството за внатрешни работи во насока на поголема безбедност во сообраќајот и воопшто во локалната заедница.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013