Prijavi problem

Прослава на Свети Трифун во Ајватовци

Published on: 12.02.2019 - 12:23

Со симболично закројување на лозовите насади во населено место Ајватовци, на 14 февруари 2019 година, на свечен начин ќе биде прославен големиот верски празник Свети Трифун. Свеченоста ќе почне во 8.30 часот со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

На традиционалната манифестација на одбележување на празникот на лозарите во Општина Илинден, и годинава по шести пат ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот ќе го извршат членовите на „Винско витештво“ од Македонија - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура, а на овој своевиден саем на виното се очекува да учествуваат десетина винопроизводители од Општина Илинден.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013