Prijavi problem

Отворена изложба „Сликарот со пријателите“, на Новица Трајковски

Published on: 22.12.2018 - 11:04

Во галеријата на „Домот на култура „Илинден“ во присуство на поголем број вљубеници во уметноста отворена е изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, кој искрено му се заблагодари на Трајковски кој живее и работи во Општина Илинден, за неговиот голем придонес во развојот на културата и културните вредности.

На изложбата се претставени 40-на портрети што во еден подолг временски период Новица Трајковски им ги направил на своите пријатели. Како што истакна Трајковски во обраќањето пред присутните, ова е прва негова изложба на портрети по 30 години.

За впечатокот од овој настан да биде посилен многу придонесе присуството на самото отворање на изложбата на повеќемина од портретираните познати јавни личности од  нашата земја, како Раде Силјан, Ефтим Клетников, Летиф Јанчигвин – Ли, Јаков Дренковски, Климе Коробар, Павле Кузмановски, Виолета Ачкоска...

Изложбата ќе биде отворена до крајот на јануари идната година.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013