Prijavi problem

Општина Илинден домаќин на меѓународен ракометен турнир

Published on: 21.12.2018 - 23:10

Во организација на ракометниот клуб „Илинден“, а под покровителство  на Општина Илинден, во спортската сала “Гоце Делчев“ почна тридневен меѓународен ракометен турнир во младински категории. Во прекрасна атмосфера пред голем број љубители на ракометот, турнирот „Илинден“ што по втор пат се одржува во Општина Илинден го отвори покровителот на оваа спортска манифестација, градоначалникот Жика Стојановски, кој упати искрени честитки до организаторите на овој спортски настан, посакувајќи им успех на сите учесници на турнирот.

На овој голем меѓународен ракометен турнир настапуваат 20 екипи - 13 екипи во генерацијата 2002/2003 и 7 екипи во генерацијата 2006/2007, при што спортската сала „Гоце Делчев“ е домаќин на над 400 млади ракометари.

Ако се суди по првиот одигран натпревар меѓу екипите на Металург од Скопје и РК Бијелина, од Бијелина, што го доби Металург, претстојат квалитетни натпревари во кои љубителите на ракометот ќе можат да уживаат во надмудрувањата на младите ракометари. За добрата забава на првиот ден од турнирот се потрудија членките на  денс клубот Еурека кои придонесоа макар за миг да се почувствуваме како да се наоѓаме на некој НБА натпревар.

Во категоријата на ракометари генерација 2002/2003 на турнирот настапуваат екипите на: РК Волково, РК Драчево, РК Шампион, РК Вардар, РК Аеродром, РК Алушовски и РК Металург, сите од Скопје, потоа РК Балтепе од Тетово, РК Гостивар од Гостивар, РК Карпош од Куманово, РК Илинден од Општина Илинден, како и две екипи од Босна и Херцеговина-ОРК Челинац од Лакташи и РК Бијелина, од Бијелина.

Во категоријата на ракометари генерација 2006-2007 учествуваат екипите на: РК Аеродром, РК Драчево и РК Шампион од Скопје, РК Илинден од Општина Илинден, РК Гостивар од Гостивар, РК Балтепе од Тетово и ОРК Лакташи, од Лакташи, Босна и Херцеговина.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013