Prijavi problem

Со положување цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџaларски одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Published on: 22.10.2018 - 13:04

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври, делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски положи свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци. Букети цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Илинден, Здружението на пензионери на Општина Илинден, претставници на општинските јавни институции, на здруженија на граѓани, како и граѓани од населеното место Миладиновци.

Со положување свежо цвеќе на споменикот на војводата Аџаларски и спомнувањето на големите настани од поблиското историско минато и оддавањето почит на македонските револуционери Општина Илинден традиционално секоја година, се вклучува во одбележувањето на Денот на Македонската револуционерна борба.

***

Аџаларски е роден во село Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година на територијата на денешната Општина Илинден, а загинува 1909 година. Тој пред и по Илинденското востание предводел поголема комитска дружина, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната Општина.

Во 1901 година бил уапсен и две години лежел во Скопскиот затвор Куршумли Ан. По излегувањето од затвор во1903 година, се вклучил во четничкото движење и станува војвода на чета. Учествувал во многу судири со турскиот аскер и српските чети во Кумановскиот и Скопскиот регион.

За време на Уриетот (Младотурската револуција) во 1908 година тој се легализирали се приклучил кон Санданистите. Во Скопје покренал јавна борба за идеите и целите на народната федеративна партија, со што станал популарен меѓу скопјани. Неговата популарност им пречела на Турците, бидејќи не можеле да дозволат еден поранешен војвода на чета на ВМРО, кој јавно се борел против нив, да добие популарност меѓу народот, а уште помалку, политички да делува на теренот. Затоа, тие решиле на било кој начин да го оневозможат неговото политичко ангажирање, со што, во голема мера би се загрозиле позициите и авторитетот на турската власт.

По добро испланирана акција, од приврзаници на султанскиот режим, во 1909 година, во Скопје, војводата В. Аџаларски бил убиен. Неговиот погреб, голема маса од Македонци и младотурци го претвориле во демонстрација против стариот режим.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013