Prijavi problem

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ - Проект за подобрување на општинските услуги ИПА инвестициски грантови

Published on: 19.09.2018 - 08:30

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Проект за подобрување на општинските услуги

ИПА инвестициски грантови

 

MSIP-NCB-075-18

 

1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на локален пат Кадино-Клучка автопат А4, Општина Илинден. 

3. Општина Илинден ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на локален пат Кадино-Клучка автопат А4, Општина Илинден. 

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.  Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:

Адреса: улица 9 б.б н.Илинден

Општина Илинден

Поштенски број: 1041

Држава: Македонија

Телефон: 02/2571-703

Факс: 02/2573-515

Електронска адреса: ilinden@ilinden.gov.mk

 

6. Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 730014110663019

Приходно конто: 724125 00

 

Тендерската документација може да се добие директно од општина Илинден.

 

7. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 22.10.2018. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 22.10.2018.

8.  Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 750.000,00 МКД.

9.       Адреса: улица 9 б.б н.Илинден

          Општина Илинден 

          Поштенски број: 1041

          Архива на Општина Илинден

          Држава: Република Македонија

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013