Prijavi problem

Почна да се гради нова инвестиција во општина Илинден

Published on: 13.06.2018 - 11:59

 

Во локалната економска зона Марино-Кадино, почна со градба нова инвестиција. Пред поголоем број деловни партнери и гости, во присуство на градоначалникот Жика Стојановски беше поставен камен темелник на нов погон за производство на ПВЦ столарија и магацински простор, на инвеститорот Ивица Јаневски, што ќе се простира на површина од 800 квадратни метри.

Според инвеститорот, станува збор за инвестиција вредна 600 илјади евра која што ќе овозможи отворање на 15 нови слободни работни места, а која се очекува да биде изградена до крајот на годината. Она што е посебно интересно за оваа нова инвестиција, според зборовите на инвеститорот, е податокот што целото производство ќе биде наменето за извоз, односно за надворешниот пазар.

Збогатувањето на бизнис семејството за уште еден член покажува дека продолжува инвестицискиот циклус во општина Илинден која останува во фокусот на инвеститорите. Определба на општина Илинден во изминатиот период беше и ос­та­нува интензивирањето и развојот на економската ин­­­­­фраструктура, особено подобрувањето и изградба­та на транспортната, комуналната и енергетската инфраструктура во стопанските комплекси и локалните економски зони, преку што се отвораат можности за привлекување на нови домашни и странски инвестиции, како и давање поддршка на постојните, а сето тоа во насока на отворање­ на нови реални слободни работни места.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013