Prijavi problem

Изградба, чистење и нивелирање на отворените одводни канали

Published on: 28.05.2018 - 12:57

Во населба Илинден, како дел од реализацијата на проектот „Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води“, во тек е изградба на нов отворен одводен канал во должина од 350 метри, кој ќе ги прифати водите од ул. „11“, ул.„13“ и ул.„19“, како и поставување на цевкасти пропусти со соодветен профил.

Во овој дел од нас. Илинден поради ниската морфологија на теренот и при најмали врнежи од дожд доаѓа до задржување на водата во дворните места, објектите и улиците. Затоа, со цел прифаќање на атмосферските води во рамките на овој проект се отпочна со отворање на нов канал кој ќе ги одведе водите во сисавецот на Топлик, преку испумпување на водата со препумпен уред кој е веќе поставен.

Со реализацијата на овој проект ќе бидат опфатени околу 200 домаќинства и ќе биде одводнета вкупна површина од 150 000 м2 .

Паралелно со овие активности, се врши машинско чистење на секундарен канал Азмак кој минува низ централниот дел на н.м.Марино, чија вкупна должина изнесува 4800 метри и ги одводнува населените места Марино, Кадино и Мралино.

Од почетокот на годината досега е извршено чистење на главната, секундарната и терцијалната каналска мрежа со вкупна должина од 18.000 метри.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013