Prijavi problem

Портрет на писателот Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија

Published on: 18.05.2018 - 14:11

Посетителите на 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, имаа ретка можност во Домот на култура „Илинден“ да остварат средба со словенечкиот писател Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. Одржувајќи беседа за неговото творештво, портретот на Јазбец го претстави писателот Блаже Миневски, а стихови од поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ интерпретираше писателката Кристина Николовска.

-За разлика од дипломатијата која најчесто бара индиректен начин да дојде до целта, поезијата доаѓа до суштината, до сржта на проблемот, директно и без предрасуди. Во тој контекст, песните на нашиот автор – поет со дипломатска биографија-немаат класичен наслов, туку веднаш, со првиот стих, влегуваат во јадрото на темата како низ порта зад која скалило по скалило се спуштаме до главната поента на песната. Притоа, секој нов чекор е нов басамак, затоа што секој збор е стих и секој стих е збор, истакна Миневски зборувајќи за творештвото на писателот и дипломат Милан Јазбец. 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013