Prijavi problem

Отворена 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“

Published on: 16.05.2018 - 08:11

Во Домот на култура „Илинден“, во присуство на голем број писатели, поети, литературни критичари и поклоници на пишаниот збор и на уметноста, свечено беше отворена 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, што ќе трае до 19 мај.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот Жика Стојановски, кој ја искористи можноста да им изрази голема благодарност на сите оние што во изминатите години дадоа придонес во развојот на Литературната манифестација „Илинден“ која стана еден од промоторите на современите културни достигнувања во нашата земја.

- Денес сум особено среќен што имам чест да ја отворам 19-та по ред Литературна манифестација „Илинден 2018“ и Деновите на книгата во општина Илинден. Задоволството е поголемо поради тоа што од вечерва па до крајот на оваа седмица, ќе имаме можност да бидеме домаќини и да се дружиме со врвни писатели и поети не само од Македонија, туку и од странство, истакна градоначалникот Стојановски.

Притоа, тој искажа благодарност до плејадата писатели, поети, доајени на пишаниот македонски збор кои беа дел од оваа манифестација, како и благодарност до Друштвото на писателите на Македонија, кое даде драгоцен придонес оваа манифестација денес да биде една од престижните во земјата и регионот.

Веднаш по свеченото отворање на манифестацијата беше промовирана книгата  „Триптих за Македонија“ од поетот, есеист и литературен критичар Раде Силјан. Промотивна реч одржа писателот Ефтим Клетников, а стихови интерпретираа Антонио Павловски, Ели Маказлиева и Анита Бошкова.

Раде Силјан е член на Друштвото на писатели на Македонија од 1982 година и во два мандати бил негов претседател. Дваесет и четири негови книги се преведени на англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, украински, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и на албански јазик.

На крајот од промоцијата на ова дело за кое академик Матеја Матевски напиша дека „претставува ода на животот“, на присутните им се обрати авторот Раде Силјан, кој искажа голема благодарност до општина Илинден која толку години успешно реализира една ваква голема културна манифестација.

Свеченото отворање на 19-та Литераатурна манифестација „Илинден 2018“ беше збогатено со изложбата „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски и звуците на музичкиот колаж на Марјан Јанкоски и „Портал“.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013