Prijavi problem

Втора ларвицидна дезинсекција за уништување на ларви од комарци

Published on: 10.05.2018 - 08:27

Согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања, во тек е втората  ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци на површина од 50 ха. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални) во сите населени места, како и речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.

Дезинсекцијата се врши со течно еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови. Целта на третирањето е спречување на развојот на ларвите од комарци и спречување на појава од заразни болести и инфекции.

Како дел од Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општината за 2018 година, Општина Илинден продолжува да ги спроведува и  сите други мерки за дезинсекција, дератизација и дезинфекција.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013