Prijavi problem

Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Published on: 30.03.2018 - 10:59

Согласно Програмата и Акциониот план за чистење на каналска мрежа во општина Илинден во тек е машинско и рачно чистење на секундарниот канал Сисавец на Топлик во должина од 1200 метри во населба Илинден. Овој канал служи за зафаќање и одводнување на атмосферската вода од стопанската зона Илинден и  околу   300    домаќинства од населба Илинден, со што се создаваат подобри услови за работа на стопанските објекти и се подобрува еколошкиот амбиент во овој дел од општината.

Истовремено извршено е машинско чистење на Ободниот канал во нас. Илинден во должина од 2500 метри кој ги прифаќа брдските води од  10 порои со 25000 хектари сливно подрачје.

Во рамките на реализацијата на проектот Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, од почетокот на годината досега исчистени се  9000 метри од главната и секундарната каналската мрежа на територијата на општина Илинден, што е дел од хидро мелиоративниот систем „Скопско Поле“.

Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, локалната самоуправа интензивно и континуирано работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

Со цел да се заштити функционалноста на каналите забрането е затрупување на отворените одводни канали, шанци и ендеци, узурпирање на отворените одводни канали, поставување на бандери и други инфраструктурни објекти кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа.

За секое нарушување на фунционалноста на каналскиот систем се преземаат казнени мерки согласно законската регулатива.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013