Prijavi problem

Изграден нов одводен канал во локалната економска зона Марино-Кадино

Published on: 20.03.2018 - 14:57

 

Во рамките на проектот Изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферските води и високите подземни води во локалната економска зона Марино-Кадино изграден е нов канал за одводнување во должина од 500 метри.

Со изградбата на овој канал се зафаќаат и одведуваат атмосферските води со што се создаваат подобри услови за работа на стопанските објекти и се обезбедува подобра животна средина.

Како дел од проектот на општина Илинден „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, во тек е чистење на ободникот канал во населба Илинден, при што досега се исчистени 700 метри, како и чистење на терцијалниот канал Млака, во населба Илинден, исто така во должина од 700 метри.

Од почетокот на годината досега машинско и рачно се исчистени 6000 метри од каналската мрежа во општина Илинден. Локалната самоуправа, поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, континуирано работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

Благодарејќи на редовното континуиирано одржување, каналската мрежа во општина Илинден нормално функционира прифаќајки ги водите по обилните дождови во изминатите денови.

Токму затоа, грижата за одржувањето на каналската мрежа е заедничка на сите чинители, а против лицата, пак, кои го попречуваат протокот на вода, што го менува правецот или, силината на природниот водотек или, ги затрупуваат отворените канали ќе бидат преземени казнени мерки согласно законската регулатива. 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013