Prijavi problem

Општина Илинден беше домаќин на Државното првенство на основните училишта во футсал-женски

Published on: 26.02.2018 - 11:29

Општина Илинден беше домаќин на Државното првенство на основните училишта во футсал-женски, што под покровителство на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски се одржа во спортската сала „Гоце Делчев“.

Најдобра меѓу четирите екипи што учествуваа на овој завршен турнир на државното првенство беше екипата на ООУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, второто место го освои екипата на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, а третото место му припадна на екипата на ООУ „Ристо Крле“ од општина Илинден. Четвртото место и наградата за фер плеј ја освои екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“, исто така од општина Илинден.

Завршниот турнир на државното првенство на основните училишта во футсал-женски на Република Македонија се реализираше во организација на општина Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и училишниот спортски клуб БРАМИЛ-Миладиновци.

На најуспешните екипи им беа доделени пехари, медали и дипломи.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013