Prijavi problem

100 Дена од локалните избори

Published on: 12.02.2018 - 13:47

Почитувани,

Покрај многубројните предизвици во из­минатиот период, во првите 100 дена по локалните избори, користејќи ги на­ши­те рас­положливи потенцијали, искуства, зна­ења и капацитети, целосно се на­со­чив­ме кон реализација на планираните про­­екти со цел обезбедување на одржлив локален еко­ном­­ски развој и просперитетна иднина на локалната зае­д­­ни­ца.

Наша определба во изминатиот период беше и ос­та­нува интензивирањето и развојот на економската ин­­­­­фраструктура, особено подобрувањето и изградба­та на транспортната, комуналната и енергетската инфраструктура во стопанските комплекси и локалните економски зони, преку кои отворавме можности за привлекување на нови домашни и странски инвестиции, давање поддршка на постојните, а сето тоа во насока на  отворање­ на нови реални слободни работни места.

Водечките идикатори за одржлив локален економски раз­вој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции и отворање на нови, реални, слободни работни места и намалување на невработеноста.

Инвестициските патишта водат кон општина Илин­ден, како резултат на прогресот во привлекување и ефе­к­ту­и­ра­ње во реализација на инвестиции, оптимално ис­ко­рис­ту­ва­ње на можностите и ресурсите во овозмо­жу­вање на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти.

Во периодот по локалните избори извршивме докомплетирање на системот за зафаќање, третман и одведување на отпадни фекални води во населеното место Марино (припадна површина 1), каде што се поставени 4000 метри канализациска мрежа и пречистителна станица со капацитет од 1250 еквивалент/жители на која се приклучени 300 домаќинства.

Извршивме целосно санирање и асфалтирање со зафаќање на атмосферските води на 7 локални улици оштетени од изградбата на фекалната канализација во вкупна должина од 1500 метри.

Се изврши и реконструкција и асфалтирање на дел од локалниот пат Кадино-клучка автопат М1 во должина од 300 метри.

Во делот на заштита на животната средина извршиме уредување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали на критичните локации на каналската мрежа во должина од 5 500 метри.

Пред нас се голем број на про­ек­ти, кои ги посочија жителите на општина Илинден, во делот на подобрување на ло­кал­на­та патна инфраструктура, изградба, реконс­т­р­у­кција и рехабилита­ци­ја на општинските улици и па­ти­шта, по­доб­рување на инфраструктурата во ло­кал­­ни­те еконо­м­с­­ки зони и стопанските ком­­плекси, из­гра­д­ба на мостови, пешачки и велосипедски патеки,  из­гра­д­ба на фе­кал­на канализација со пре­чис­ти­телни ста­ници, зафаќање на ат­мо­сфе­­р­ските во­ди со конти­ну­­ирано чис­те­ње, нивели­ра­­ње  и одр­­­жу­вање на о­тво­ре­ни­те одво­д­ни ка­на­ли, про­ек­­ти во областа на енергетската ефи­кас­ност во јавните оп­штин­ски установи, реализација на по­ве­ќе инвестиции во образованието, кул­­­­турата, спор­тот, кои со заедничко залагање и ангажирање ќе ги реалзираме за подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на жителите.

 Имаме јасна визија, општина Или­н­ден да прерасне во урбана, атрактивна и кон­ку­рен­тна општина во регионот и по­ши­роко, со создадени услови за од­р­­ж­лив економски и социјален раз­вој, како и ква­литетен живот на населението. Оп­ш­ти­на Илинден да прерасне во пре­познатлива, потврдена, економски силна урбана општина со со­в­ре­мени ус­­лови за жи­ве­е­ње и стопанисување, каде што об­ра­зо­ва­­­нието, знаењето и ИКТ се императив за растечкиот стандард на чо­веч­ки­от капитал.

Засилувањето на локалната демократија, гра­ѓан­с­ко­то учес­тво, развојот на човечкиот капитал и одр­ж­ли­виот приход на граѓаните на општината се прио­ри­­те­ти во општинското работење. Затоа се вло­жу­ваат си­­те на­по­ри за транспарентност, от­чет­ност, фи­нан­с­и­­с­ка стаби­л­­ност и ефективност во извршува­ње­то на оп­­­ш­тинските ус­луги.

 Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден !

Ви благодарам.

 

м-р Жика Стојановски

Градоначалник на општина Илинден

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013