




Жителите на општина Илинден масовно го одбележаа празникот Водици
Published on: 19.01.2018 - 15:20
Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици. Најсреќен меѓу 60-та верници кој прв стигна до Богојавленскиот крст што беше положен во водите на езерото на хотелот Белви, беше 18-ет годишниот Филип Бошковски, од н.м. Кадино, кој по четврти пат учествува во оваа манифестација. Од страна на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, како и од претставници на јавните претпријатија, бизнисмени и граѓани на најрадосниот Филип Бошковски му беа доделени повеќе подароци. Илјадници граѓани присуствуваа на оваа традиционална манифестација која што општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, од населба Илинден ја организираше по јубилеен десетти пат. Како и во изминатите години за посетителите на манифестацијата беа обезбедени топли пијалоци, како и традиционалната пифтија. Богојавление е празник воспоставен во спомен на Христовото крштение во реката Јордан. На овој ден во сите храмови и цркви се осветува вода која луѓето ја земаат за во своите домови. Верниците на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“ и „Вистина се јави“. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
Nachricht
BerichterstattungГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|