Prijavi problem

Општина Илинден беше домаќин на квалитетен младински ракометен турнир

Published on: 25.12.2017 - 14:01

Во спортската сала “Гоце Делчев“ во населба Илинден, под покровителство  на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, а во организација на ракометната школа Илинден-Вардар, која е дел од академијата на Вардар и проектот “Јуниор“ лига, се одржа дводневен младински ракометен турнир.

На турнирот учествуваа седум ракометни школи, кои се натпреваруваа во три различни возрасни категории и тоа родени 2004/05, 2006/07 и најмалите кои се натпреваруваа во мини ракомет, генерација родени 2008 и помали дечиња. Покрај домаќинот РК Илинден – Вардар, на турнирот учествуваа и Балтепе-Вардар (Тетово), Карпош-Вардар (Куманово), Бисинов-Вардар (Велес), РК Аеродром, РК Шампион-Вардар и РК Урдаревски-Вардар од Скопје.

Љубителите на ракометот во спортската сала „Гоце Делчев“ имаа ретка можност да уживаат во вистина квалитетниот ракомет што го прикажаа младинците од сите ракометни школи што учествуваа на турнирот. На овој вистински ракометен хепенинг, поголемиот дел од младите ракометари покажаа дека и покрај нивната младост длабоко навлегле во тајните на оваа игра.

Ако се суди по она што беше прикажано на овој турнир никој не треба да стравува за иднината на македонскиот ракомет. Особено не љубителите на ракометот во општина Илинден, зашто на паркетот во „Гоце Делчев“ се виде дека веќе созреваат наследниците на Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски...Општина Илинден останува да биде една од најракометните општини во нашата земја.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013