Prijavi problem

15 Приоритетни Проекти од Програмата 2017-2021

Published on: 25.10.2017 - 08:39

15 ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА  2017-2021

на Градоначалникот на ОПШТИНА ИЛИНДЕН м-р Жика Стојановски

1) Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта);

Опис на проектот: Проектот има за цел изградба односно рехабилитација, асфалтирање на локални улици и патишта во должина од 40 километри во сите населени места, како и одржување, реконструкција и санација на постоечката патна инфраструктура која се протега на територија на Општина Илинден во должина од 275 километри.

 

2) Подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони;

Опис на проектот: Со проектот се предвидува изградба на транспортна, комунална, енергетска и гасификациска инфраструктура во стопанските комплекси и локалните економски зони.

 

3) Изградба на фекална канализација со пречистителни станици; 

Опис на проектот: Проектот има за цел изградба на системи за зафаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и стопанските објекти во општина Илинден. Приоритет во изградбата на сегментите ќе се даде на места, области и локации кои подлежат на високи нивоа на подземни води. Главна цел е да се прочистат отпаните фекални води од домаќинствата и потоа да се пуштат во одводниот реципиент.

 

4) Изградба на детска градинка во Миладиновци, и згрижување на деца од најмалата група - воведување на „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“; 

Опис на проектот: Со проектот е опфатено изградба на нова детска градинка со капацитет до 50 деца во населеното место Миладиновци со што ќе се овозможи ширење на мрежата на нови детски градинки. Исто така ќе се реализира згрижување на деца од најмалата група односно воведување на „јасли“ во општинската детска градинката „Гоце Делчев“.

 

5) Реконструкција и подобрување на училишта, обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава, со воведување на целодневна настава; 

Опис на проектот: Со цел подобрување на условите во образовниот процес како и обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава во основните и средното училиште ќе продолжиме со реконструкција на училишната инфраструктура. Со овој проект предвидуваме реконструкција на основните централни и подрачни училишта во општината  како и воведување на целодневна настава.

 

6) Реконструкција и доградба на амбулантата во населба Илинден;

Опис на проектот: Со Проектот е опфатено целосно реконструирање и доградба на амбулантата во населба Илинден со цел да прерасне во Здравствен Дом – Поликлиника, со што ќе се овозможи подобрување на условите за здравствена заштита на граѓаните, зголемување на бројот и видот на здравствени услуги за населението како и воведување на дежурства.

 

7) Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали;

 
Опис на проектот: Со проектот е опфатено уредување, чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали кои се дел од хидро-мелиоративниот систем „Скопско поле" кој се протега на територија на пет општини: Илинден, Гази Баба, Арачиново, Петровец и Зелениково. 

 

8)  Изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферски води; 

Опис на проектот: Проектот опфаќа изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води, како и спречување на поплавување на куќите и имотите на граѓаните на општина Илинден.

 

9) Модернизирање и проширување на водоводниот систем;

Опис на проектот: Проектот има за цел модернизирање на системот за водоснабдување со цел обезбедување на стабилен и оптимален притисок на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење.

 

10) Изградба на стадион со трибини во н. Илинден;

Опис на проектот: Стадионот ќе биде со стандардни димензии, опремен со рефлектори за ноќно играње, трибини и гардероби со тушеви за учесниците согласно стандарди, со цел овозможување на тренинг и одржување на натпревари од повисок ранг. Дополнително, стадионот ќе биде центар за развој на младински фудбалски школи од каде очекуваме да излезат многу нови таленти.

 

11) Изградба и поставување на спортски реквизити и скејт парк покрај пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино; 

Опис на проектот: Проектот е во насока на збогатување на спортско- рекреативната содржина во општината. Со активностите ќе се реализира поставување на спортски и фитнес реквизити како и изградба на скејт парк долж патеката Марино-Кадино.

 

12) Изградба на пешачки патеки; 

Опис на проектот: Проектот обезбедува изградба на пешачки патеки во населените места во вкупна должина од 10 километри.

 

13) Урбанистичко планирање во функција на ЛЕР;

Опис на проектот: Со проектот е опфатено планирање на просторот за создавање на услови за влез на нови инвестиции преку проширување на постоечките локални економски зони како и оформување на нови градежни парцели на атрактивни локации во општина Илинден.

 

14) Воспоставување на гасификацски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти; 

Опис на проектот: Проектот има за цел изградба и поставување на гасификациска инфрастуктура за стопанските објекти во локалните економски зони и стопанските комплекси во општината, со цел да се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс. 

 

15) Изградба на патна и комунална инфраструктура во новата населба „Јака“; 

Опис на проектот: Проектот има за цел изградба на патна инфраструктура, водовод и канализација во новата населба Јака. 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013