Prijavi problem

Тенискиот трофеј го освои Влатко Нацевски

Published on: 24.07.2017 - 14:04

Победник на годинешниот тениски турнир што Општина Илинден го организираше во соработка со Тениската федерација на Македонија е Влатко Нацевски, кој беше најдобар и на минатогодишниот турнир. Тој во финалето го совлада Стефан Милошевиќ.

Тенискиот турнир е дел од Спортскиот викенд „Илинден 2016“, што под мотото „Ние навиваме за Македонија“, Општина Илинден го организира по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“.

На турнирот што се одржа на тениските терени во Општина Илинден, а на кој настапија 16 тенисери, можеа да се видат вистина интересни мечеви.

За освоените први места пригодни награди на финалистите им додели покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013