Prijavi problem

Велосипедска трка „Трофеј Илинден 2017“

Published on: 24.07.2017 - 13:57

Професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден 2017“, во должина од 100 километри што Општина Илинден ја реализира со поддршка на Велосипедската федерација на Македонија, беше централен настан на годинешниот Спортски викенд „Илинден 2017“.

Во трката која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја учествуваа 60 велосипедисти, кои се натпреваруваа во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Трката стартуваше од пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што беше и целта, а се возеа 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, а должината на еден круг изнесуваше 25 километри.

Традиционални жолти маички на победниците, како и пригодни награди на најдобро пласираните им додели  покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Како што е редот, со шампанско за победниците беше означен крајот на годинешниот „Трофеј Илинден 2017“.

 

ПЛАСМАН

СЕНИОРИ

  1. Никола Ѓукиќ –
  2. Ивица Давидовски – Вело.М, Куманово
  3. Кирил Маркоски  ЕБТ, Скопје

ЈУНИОРИ

  1. Кристијан Ванчевски – МВК Велес
  2. Лео Кралевски-Оксижен, Скопје
  3. Милош Милевски– Вело.М, Куманово

 

КАДЕТИ

  1. Виктор Ванчески – МВК Велес
  2. Андреј Стојановски-Мадел бап, Скопје
  3. Ивица Гацовски, Вело.М, Куманово

 

МАСТЕРС

  1. Зоран Ристовски – Вело.М, Куманово
  2. Ален Денковски- Вело.М, Куманово

ЖЕНИ

  1. Анета Антовска – Оксижен, Скопје
  2. Андреа Будимовска- Енерџи, Скопје
  3. Аните Величкоска – Оксижен, Скопје

У-15

  1. Лука Димитриоски – Спидбајк, Кичево
  2. Тео Врондалиев-Мадеп бап, Скопје
  3. Благо Марковски - МВК Велес

У-13

  1. Џемалетин Ќорбајрами–Адреналин, Гостивар
  2. Давид Ристовски, МВК Велес
  3. Даим Мухареми- Адреналин, Гостивар

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013