Prijavi problem

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета

Published on: 29.06.2017 - 12:50

Врз основа на член 22 од Законот за локалнатa самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.5/02), a во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16), Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Измена и дополна на урбанистички план за село Марино, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура дека Градоначалникот на општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Измена и дополна на урбанистички план за село Марино,

Блок 18 и дел од Блок 19, општина Илинден измена и дополна,

плански период 2017-2027 година.

 

Јавната анкета по Измена и дополна на урбанистички план за село Марино, Блок 18 и дел од Блок 19, општина Илинден измена и дополна, плански период 2017-2027 година ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на предлог планот на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Марино и на општинската интернет страница www.ilinden.gov.mk.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена односно од 05.07.2017 година до 12.07.2017 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 10.07.2017 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот во просториите на општина Илинден.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Измената и дополната на урбанистички план за село Марино, Блок 18 и дел од Блок 19, општина Илинден измена и дополна, плански период 2017-2027 година е изработена од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје со технички број 08-02/2017, април 2017 година.

Целта на Урбанистичкиот план за село Марино, за Блок 18 и дел од Блок 19 е да се планираат намени кои ќе ги задоволат потребите за инвестирање на сопственици на катастарски парцели, со намена Б3 - големи угостителски единици и А2- домување во станбени згради. Појдовна точка во оформувањето на планскиот концепт претставува дефинирање на зони за домување во станбени куќи и станбени згради, што се надоврзува на создадените услови за промени и осовременување на предметниот плански опфат, како и планерските концепти согласно постојната законска регулатива. Со измена и дополнување на Урбанистичкиот план за предметниот плански опфат, се редефинира наменската употреба на земјиштето во согласност со согледаните новонастанати потреби на сопствениците и Општината.Измената и дополнувањето на урбанистичкиот план е изработена во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 217/15, 31/16, 163/16), Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 142/2015, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16 и 33/17) и Правилникот за поблиската содржина, форма и начин на обработка на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план вон населено место и регулациски план на генерален урбанистички план, формата, содржината и начинот на обработка на урбанистичко-плански документации и архитектонско урбанистичкиот проект и содржината, формата и начинот на обработка на проектот за инфраструктура (Сл. весник на РМ бр. 142/15).

Предметниот локалитет се наоѓа на територијата на општината Илинден, во рамките на село Марино. Планскиот опфат го опфаќа Блокот 18 и дел од Блок 19, согласно важечкиот Урбанистички план за село Марино.

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 9.53 ха.

Границите на планскиот опфат се следни:

  • На север границата на планскиот опфат се движи по осовината на

сервисната улица Н 10.

  • На исток границата на планскиот опфат се движи по осовината на

сервисната улица Н 1.

  • На запад границата на планскиот опфат се движи по осовината на

сервисната улица Н 3.

  • На југ границата на планскиот опфат се движи по осовината на

сервисната улица Н 11.

Прекршни точки на планскиот опфат:

 

1. X=7549685.6792 Y=4649234.3678

2. X=7549680.5710 Y=4649247.4310

3. X=7549667.2874 Y=4649275.4198

4. X=7549655.6722 Y=4649294.1951

5. X=7549636.0121 Y=4649319.2717

6. X=7549573.7084 Y=4649284.0591

7. X=7549558.8849 Y=4649275.4589

8. X=7549537.2415 Y=4649263.7576

9. X=7549495.5967 Y=4649239.8807

10. X=7549438.7429 Y=4649207.9654

11. X=7549370.5036 Y=4649172.1678

12. X=7549337.7942 Y=4649154.6870

13. X=7549348.9273 Y=4649122.8611

14. X=7549359.7256 Y=4649091.9439

15. X=7549390.6368 Y=4649024.5727

16. X=7549425.0363 Y=4648965.0861

17. X=7549440.5573 Y=4648938.2457

18. X=7549458.0076 Y=4648908.0691

19. X=7549496.2621 Y=4648929.6690

20. X=7549561.1709 Y=4648964.5540

21. X=7549577.8136 Y=4648973.5631

22. X=7549618.5965 Y=4648992.2543

23. X=7549649.5672 Y=4649010.7725

24. X=7549744.4299 Y=4649048.7195

25. X=7549726.0670 Y=4649104.9028

 

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam и на општинската интернет страница.

Прилог:

Анкетен лист

Синтезен план

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013