




Голем успех на младите истражувачи од Средното општинско стручно училиште „Илинден“
Published on: 16.05.2017 - 09:31
Учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“ постигнаа извонредни резултати на овогодинешните натпревари на млади истражувачи од Република Македонија-Наука на млади, што по 53 пат се одржа во Куманово. Ученикот од четврта година Марио Наумовски за својот проект „Уред за далечинска контрола на мрежни потрошувачи“, освои златен медал и го потврди првото место од државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта во Република Македонија. Како признание и награда за својот успех доби повеќедневно научно патување во Република Словенија. Ученикот Филип Витковски, исто така од четврта година, освои 3 место со проектот „Конструкција и управување на лифт со програмабилен логички контролер“ и се закити со бронзен медал. Со своето учество на натпреварот, училиштето успешно го претставија и ученичките Симона Симоновска со проектот „Веб базиран дневник за патување во Европа“ и Мартина Марковска со проектот „Питагора и Питагорова теорема“. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
Nachricht
BerichterstattungГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|
Post new comment