Prijavi problem

Отворена изложбата „Живот во бои“ на Андријана Мациев

Published on: 04.05.2017 - 12:58

Во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден отворена е изложбата „Живот во бои“  на ликовниот уметник Андријана Мациев. Со пригоден збор за пораките што ги носи изложбата и творештвото на Андријана Мациев, изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски.

Љубителите на уметноста имаат можност да видат 50-на дела на оваа млада авторка, која има остварено повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, а учествува и на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Учесник е на многу манифестации и перформанси каде што се негува и почитува уметноста.

Андријана Мациев дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на мај. 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013