Prijavi problem

Со спортски активности и изложбени работилници одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Published on: 04.05.2017 - 12:19

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година во спортски дух го одбележа патрониот празник на училиштето и 114. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Одбележувањето на патронатот почна со положување свежо цвеќе пред бистата  на Гоце Делчев во училишниот двор, што беше проследено со настап на училишниот оркестар, како и рецитал каде со свои творби се претставија повеќемина ученици.

Учениците од прво до петто одделение патрониот празник го одбележаа со учество во спортски активности, а учениците од шесто до деветто одделение подготвија изложбени работилници.

Во спортските активности чија цел е да се поттикне спортскиот дух кај учениците беа застапени повеќе спортски дисциплини: шах, куглање, пикадо, скокање на јаже, народна, вртење хулахоп, штафетни игри и штафетни елементарни игри.

На изложбените работилници, пак, беа прикажани изработките на учениците од воннаставните активности. Беа презентирани работилници од наставните предмети македонски јазик, англиски и германски јазик, физика, хемија, природни науки, иновации, вештини за живеење, географија, историја, математика, ликовно образование.

    Целта на изложбените работилници е да се прикажат изработките на учениците, нивната желба, талент, вештина за истражување и презентирање на своите  постигнувања. 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013