Prijavi problem

Мост на пријателство меѓу Општина Илинден и Општина Решетари, Хрватска

Published on: 02.05.2017 - 09:47

Во рамките на реализацијата на меѓународниот проект Мост на пријателство: Илинден-Решетари, во Домот на култура „Илинден“ се одржа свечена приредба во која настапија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и  „Анте Старчевиќ“ од Општина Решетари, Хрватска.

Во присуство на градоначалникот  на Општина Илинден, Жика Стојановски, амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, претставникот на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Љерка Тот-Наумова, како и директорите на училиштата Душанка Крстевска и Тихомир Батало учениците се претставија со богатата културно-забавна програма што беше исполнета со драмски точки, рецитали, ритмички вежби, хорска изведба, фолклор...

Обраќајки им се на присутните гтрадоначалникот Жика Стојановски, истакна дека е особено среќен што соработката со Општина Решетари од Република Хрватска особено се продлабочува во областа на образованито, кое, како што рече, претставува една од најзначајните области за развој, и фактор на современиот раст.

Присутните ги поздрави и амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, а во име на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, на присутните им се обрати Љерка Тот-Наумова,

Приредбата беше искористена за промоција на стихозбирката „Невидлива врата“ на поетесата Љерка Тот-Наумова, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Стихови од поетесата која даде голем придонес во воспоставувањето на соработка и пријателство меѓу Општина Илинден и Општина Решетари, читаа учениците од училиштата „Гоце Делчев“ и „Анте Старчевиќ“.

Во рамките на неколкудневниот престој во Општина Илинден гостите од Општина Решетари, во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ беа примени од градоначалникот Жика Стојановски.

За време на средбата со градоначалникот Стојановски, гостите од Хрватска имаа можност да дознаат нешто повеќе за Општина Илинден, да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, посебно со состојбите во образованието, а преку видео презентации и за реализацијата на повеќе проекти во Општината.

Учениците и наставниците ја искористија можноста да ја посетат и Општинската библиотека Илинден, како и паркот „Галерија на отворено“, во дворот на Домот на култура „Илинден“, каде што во амфитеатарот се одржа литературна средба на која со свои стихови и проза се претставија повеќемина ученици од двете училишта.

Пред неколку месеци основните училишта од ООУ „Гоце Делчев“ и  „Анте Старчевиќ“ од Општина Решетари, Хрватска во рамките на меѓународниот проект Мост на пријателство, потпишаа Спогодба за меѓусебна соработка чија основна цел е размена на разбирање и почитување на различните култури, на културното наследство на местото, на родниот крај, на татковината како што се: фолклор, музика, традиција и обичаи, потоа запознавање со другите oбразовни системи, поттикнување на мобилноста на учениците и наставниците, како и размена на европска соработка  во областа  на образованието.

Потпишувањето на спогодбата и соработката во областа на образованието е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Општина Илинден и Општина Решетари во повеќе области, по потпишувањето  на Спогодбата  за меѓусебна соработка и пријателство меѓу двете општини во 2012 година.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013