Prijavi problem

Галерија: Учениците се вклучија во Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Published on: 15.03.2017 - 13:47

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ се вклучија во реализацијата на Проектот „Со зеленило против загадувањето“, што во организација на Општина Илинден, ќе трае во текот на месец март.

Со цел кај учениците да се развива еко свеста за чување на животната средина и зачување на сопственото здравје, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржа час на отворено во рамките на кој беше опфатено Изразување и творење на тема екологија, како и Ликовни творби „Преку слика до почист и поубав свет“.

Истовремено, учениците се вклучија во уредување  на училишниот двор, при што беа засадени голем број разнобојни цвеќиња.

Со Проектот за озеленување се опфатени 20 локации на површина од 60 000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници, со што ќе се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Во реализацијата на овој проект се вклучени граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013