Prijavi problem

Незаборавен Осмомартовски концерт во Домот на култура „Илинден“

Published on: 07.03.2017 - 12:08

По повод меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, во Домот на култура „Илинден“ се одржа традиционалниот Осмомартовски концерт. Со звуците на македонската народна песна и сплет народни ора членовите на Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“, како и играорците од ООУ „Гоце Делчев“ и гостите од средното музичко училиштен „Илија Николовски Луј“, на припадничките од понежниот пол им го честитаа празникот 8 Март.

Специјален гостин на вечерта беше новата македонска музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ, која минатата година ја претстатвуваше Македонија на детската „Евровизија“ во Малта. Со својот настап Мартија која прераснува во една од најголемите македонски и балкански музички ѕвезди, предизвика вистинска еуфорија и бура од аплаузи со што придонесе присутните во преполната сала на Домот на култура „Илинден“ да бидат дел од една незаборавна вечер која што долго ќе ја паметат.

На сите жени што присуствуваа на концертот им беа подарени црвени рози и честитки, со кои организаторите им посакаа среќен празник на припадничките на понежниот пол.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013