Prijavi problem

Инвестициските патишта и во 2017 водат кон Општина Илинден

Published on: 23.01.2017 - 14:22

Интензивно работевме на обнова на патиштата, на реализацијата на капиталниот проект за Подобрување на локалната патна инфастурктура, изградба,санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, кои се протегаат на должина од 275 километри низ целата општина,како и Подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси. Благодарејќи на оптималното искористување наресурсите и можностите, од 2008 година до денес во Општина Илинден реализирани се 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции, аневработеноста која во 2008 година изнесуваше 38 %, денес изнесува 6 %

­

Зад нас е година во која поради парламентарните избори имаше многу ограничувања во реализацијата на проектите и во локалната заедница.Дали во вакви услови Општина Илинден го реализираше планираното?

Иако бевме соочени со голем број сериозни предизвици, многу ограничувања, зад нас е уште една година што ја одбележаа многу активности,период во кој успеавме да го реализираме најголемиот дел од планираното. Реализиравме голем број на капитални проекти кои ги дефинирааграѓаните на Општина Илинден. Сето ова не ќе можевме да го сториме без нив, без нивната поддршка, за што искрено им се заблагодарувам.

Искористувајќи ги сите наши располжливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети во соочувањето со предизвиците, во изминатата годинацелосно се насочивме кон реализација на предвидените проекти, со цел обезбедување на одржлив економско­социјален рамномерен развој ипросперитетна иднина на жителите во сите 12 населени места во Општина Илинден. Реализиравме голем број на проекти што придонесуваатОпштина Илинден да биде подобро место за живеење, место со подобри услови за стопанисување, подобри услови за образование, за одржливекономски развој, повисок животен стандард и поквалитетен живот на населението.

Општина Илинден стана препознатлива по инвестицискиот бум, за што го понесе и епитетот „економски тигар" во регионот. На што седолжи тоа што Општина Илинден е една од најпривлечните инвеститорски дестинации?­

Да, инвестицискиот циклус во Општина Илинден продолжува со несмалено темпо. Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден заштоисполнително, посветено и одговорно континуирано создаваме услови за влез на нови инвестиции. Токму како резултат на спроведувањето иреализацијата на реален и ефективен концепт за овозможување поволни услови за влез на нови инвестиции, продолжи инвестицискиот циклускарактеристичен за Општина Илинден.

Показател, индикатор за одржлив Локален економски разво во Општина Илинден претставува изградбата и пуштањето во употреба на новипроизводствени погони, кои во континуитет креираат нови, реални, слободни работни места. Ова е тоа што ми дава сигурност и ми влева верба, декаделуваме денес за потребите на генерациите што доаѓаат, делуваме денес за одржлив локален економски развој, за потребите на стопанството,обезбедувајќи предуслови за поквалитетен живот.

Благодарејќи на оптималното искористување на ресурсите и можностите, од 2008 година до денес во Општина Илинден реализирани се 180инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции, а невработеноста која во 2008 година изнесуваше 38 %, денес изнесува 6 %.

Колку квалитетната инфраструктура влијае во привлекувањето на нови инвестиции?­

Посветеноста на Општина Илинден е токму во создавањето на поволни услови за нови инвестиции, пред се преку реализацијата на многубројникапитални проекти во областа на инфраструктурата.

Интензивно работевме на обнова на патиштата, на реализацијата на капиталниот проект за Подобрување на локалната патна инфастурктура, изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, кои се протегаат на должина од 275 километри низ целата општина,како и Подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси.

Истовремено, зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите на Општина Илинден. Во таа насока, во делот на безбедноста напешаците и велосипедистите како учесници во сообраќајот Општина Илинден континуирано инвестира во изградба и реконструкција на пешачки ивелосипедски патеки. Во рамките на реализацијата на овој проект изградени се вкупно 15 километри пешачки и велосипедски патеки, патеки заспортување и рекреација, како и 7 нови мостови, од кои 6 пешачки.

Во изминатиот период медиумите информираат за вистинска градежна експанзија во Општина Илинден. Можете ли накраткo да никажете на кои проекти работевте?­

Реализиравме голем број на капитални проекти во повеќе области. Во делот на заштита на животната средина, во рамките на проектот за изградба насистем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и од стопанските објекти, изградивме 4 сегменти одфекалната канализација со 4 пречистителни станици во 3 населени места, кои опфаќаат 1.400 домаќинства, односно 5.000 жители.

Во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден презедовме обврски и надлежности кои не се директно водоменот на локалната самоуправа. Општина Илинден е прва и единствена локална самоуправа што реализираше проект од областа на здравството.

Изградивме и пуштивме во употреба нов објект на Амбуланта во Миладиновци, која опфаќа 4.500 жители од 6 населени места: Миладиновци,Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци и извршивме уредување на просторот околу амбулантата во населба Илинден.

Создавајќи услови за просперитетна иднина на населението и заедницата, во делот на детската заштита, со цел зголемување на капацитетот зазгрижување на деца од предучилишна возраст, им излеговме во пресрет на потребите на граѓаните изградивме нов дел и ја проширивме дескатаградинка „Гоце Делчев", која сега има капацитет за згрижување на 400 дечиња.

Како дел од Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во Општина Илинден, во 2016 година исчистени се 60километри од каналската мрежа, што е за 14 километри повеќе од планираните 46 километри за оваа година.

Општина Илинден стана препознатлива и по вложувањата во областа на културата?

Во изминатиов период продолживме континуирано да работиме на обезбедување поволни услови за развој и за унапредување на културата која ебелег на нашето постоење и значаен симбол на идентитетот на секој народ. Во таа насока, во 2016 година изградивме два нови домови на култура вонаселените места Марино и Миладиновци, со што денес жителите на сите 12 населени места во Општина Илинден имаат свој простор заопштествено делување, а го реализиравме и уникатниот, единствен и оригинален проект „Галерија на отворено", кој опфаќа уредување на Домот накултура „Илинден".

Подобрувањето на квалитетот на живеење и животниот стандард на жителите од сите дванаесет населени места: Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Миладиновци, Дељадровци, Бујковци, Мршевци, Текија, Бучинци, Бунарџик, Ајватовци, преку реализацијата на значителен број проекти, претставува наша заедничка определба. Убеден сум дека со поддршката и довербата што ја добиваме од граѓаните успеваме да ја реализирамевизијата: Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржливекономски и социјален развој, како и квалитетен живот на сите граѓани.

Извор: Вечер

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013