Prijavi problem

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Published on: 22.12.2017 - 11:20

Со учество на над 170 компании кои што стопанисуваат во општина Илинден, претставувани од сопствениците, директорите и членовите на менаџерските тимови, во Домот на култура „Илинден“ се одржа Форум за Локален економски развој на општина Илинден. Покрај претставниците на бизнис заедницата на Форумот учествуваа и претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, претставници на финансиски институции, невладини организации, претставници на граѓанскиот сектор и на локалната самоуправа.

Отворајќи го Форумот градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, не го криеше своето задоволство што е дел од овој Форум кој веќе 12 години дава значаен придонес во локалниот економски развој на Општината и подобрувањето на квалитетот на живеење на сите нејзини граѓани.

- Воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор е единствениот механизам за обезбедување на легитимност на стратешките и акционите планови во создавањето на подобри услови за забрзан и оддржлив економски раст, отворање на нови работни места, воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање на квалитетни услови за живеење. Општина Илинден како локална самоуправа, во својата стратегија претежно е насочена кон создавање на услови за новата економија потпрена на знаењето, образованието, човечкиот капитал, примена и користење на ИКТ, и иновациите како перспективна развојна фаза, истакна градоначалникот Стојановски.

На присутните им се обрати и Кристина Јованова, претставник на мисијата на ОБСЕ во Скопје, која одличната долгогодишна соработка со општина Илинден ја посочи како пример што треба да го следат другите.

На Форумот беше презентиран новиот Стратешки план за локален економски развој 2017-2021 година во кој точно се зацртани планираните активности чијашто реализација, како што беше истакнато води до целта – создавање економски силна општина. Ова е третиот стратешки документ што во континуитет и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го носи општина Илинден.

Општина Илинден ги изготви и со 91 отсто успешност ги реализираше Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2006 – 2011 година и Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2012 – 2016 година.

На Форумот, на кој се обратија и повеќемина стопанственици, беа разгледани и можностите за реализирање на проекти од јавен интерес преку развивање и примена на концептот на општествена одговорност, во насока на создавање на квалитетни услови за живеење, работење и унапредување на животната средина.

По завршувањето на Форумот учесниците имаа можност да ја разгледаат изложбата на уметнички слики „Илинден со пријателите“, поставена во галеријата на Домот на култура „Илинден“. 

 

 

АРХИВА:

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден 2017

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден 2015

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден 2013

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден 2011


 

Агенда за Форум за лер 13.04.2017 - PDF

Агенда за Форум за лер 14.12.2017 - PDF

Агенда за Форум за лер 29.03.2018 - PDF

Деловник за работа на Форумот за ЛЕР - PDF

Покана за Форум за лер 13.04.2017 - PDF

Покана за Форум за лер 14.12.2017 - PDF

Покана за Форум за лер 29.03.2018 - PDF

Список на присутни лица 13.04.2017 - PDF

Список на присутни лица 14.12.2017 - PDF

Список на присутни лица 29.03.2018 - PDF

Записник од Форум за лер 13.04.2017 - PDF

Записник од Форум за лер 14.12.2017 - PDF

Записник од Форум за лер 29.03.2018 - PDF

 

Решение за формирање на Форум за ЛЕР - PDF

Членови на Форум за ЛЕР - PDF

Стратешки План за ЛЕР

Презентација реализација на 4 годишен акционен план

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013