Prijavi problem

Бесплатни четири проекти за изградба на семејни куќи

Published on: 25.03.2014 - 14:44

Општина Илинден обезбеди бесплатни проекти за изградба на семејни куќи за сите оние што на јавните електронски наддавања успеаја да обезбедат градежни парцели за индивидуално домување во населбата Јака, како и во другите делови на Општината.

Сите заинтересирани инвеститори, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот во Општината можат да се запознаат со четирите проекти за станбени објекти, што беа избрани на распишаниот конкурс и да го одберат оној што најмногу им одговара.

Со бесплатните проекти, Општината им заштедува на граѓаните дури и до 1.000 евра, колку што обично чини изработката на ваквите проекти. Истовремено, со моделите на семејни станбени куќи кои можат да се применат како типски објекти, населбата Јака ќе добие многу поубав лик. Со бесплатните проекти ќе се олесни работата на администрацијата, а ќе се забрза и постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат.

Инвеститорите, пак, кои што нема да се одлучат за избор на еден од  понудените  проекти ќе треба да изработат проекти согласно позитивната законска регулатива и дозволените архитектонско-урбанистички параметри за своја сметка.

Голем интерес за овие градежни парцели пројавија не само жителите на Општина Илинден, туку и од многу градови ширум Република Македонија. Досега сопственици стекнаа 261 градежна парцела, а според урбанистичкиот план за локалитетот Јака, за отуѓување слободни останаа уште 82 градежни парцели за изградба на семејни куќи

Следните објави за отуѓување на градежните парцели по пат на електронско јавно наддавање ќе бидат објавени по завршувањето на изборите. Според мислењето на Државната комисија за спречување на корупција, согласно режимот утврден со Законот за спречување на корупција, во периодот од денот на донесување на Одлука за распишување на избори па се до нивното завршување не може да се започне нова постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

ПРИЛОГ-ЛИНК - Безплатните проекти во PDF формат

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013