Prijavi problem

Асфалтиран мостот и дел од улицата што водат кон новата населба Јака

Published on: 14.10.2013 - 16:35

Паралелно со објавите на електронските јавни наддавања за градежните парцели за изградба на семејни куќи, Општина Илинден работи на изградбата на комплетната инфраструктура за новата населба Јака.

Извршено е асфалтирање на новиот мост на улица „406“ во населено место Марино, што е дел од Проектот Изградба и реконструкција на 10 Мостови во Општина Илинден. Новиот мост што ја поврзува Општината со новата населба е изграден на местото на стариот мост што беше широк нецели 4 метри и беше пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Новиот мост е со должина од 21 метар и повеќе од двојно поширок од стариот, односно, заедно со пешачките патеки неговата широчина изнесува 9 метри.

Покрај мостот, како дел од реконструкцијата на улицата „406“ асфалтирани се 200 метри од оваа улица. Со реконструкцијата на оваа прометна улица чија што широчина сега изнесува 6 метри, се обезбедува подобра комуникација, и се придонесува за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот што се движат кон и од новата населба за домување Јака. 

Досега во локалитетот Јака се отуѓени 233 градежни парцели. Новата населба се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, а се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013