Prijavi problem

Настани

26.11.2018 |

Градинката „Гоце Делчев“ по четврти пат Еко градинка

Детската градинка „Гоце Делчев“ по четврти пат во континуитет е добитник на интернационалното признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме. Со добивање на зеленото знаме, градинката  се стекна со право да аплицира за финансиска поддршка за еко проект. Градинката ќе  подготви проект со кој ќе аплицира за мал грант, одобрен од Програмата за мали грантови за еко градинки, финансирани од Европска Унија.

26.11.2018 |

Државен натпревар во таеквондо се одржа во Општина Илинден

Под покровителство на Општина Илиден, а во организација на таеквондо клубот „Илинден“, во Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден се одржа третиот по ред традиционален турнир во таеквондо „Илинден Опен“. Посакувајќи им добредојде и многу успех на спортистите, турнирот официјално го отвори покровителот на манифестацијата, градоначалниокот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

23.11.2018 |

Тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства во БФЦ ЈИЕ општини и градови

Во конференциската сала во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, се одржа тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства. 

23.11.2018 |

Буџетски форуми за креирање на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Како дел од процесот за дефинирање на Предлог-Буџетот на Општина Илинден за 2019 година, а во насока на поголема транспарентност и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање, Општина Илинден почна со реализирање на работни буџетски форуми со граѓаните.

23.11.2018 |

Тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства во БФЦ ЈИЕ општини и градови

Во конференциската сала во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, се одржа тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства. На тркалезната маса што се реализираше во организација на Општина Илинден, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и ГИЗ Отворен регионален фонд за модернизација на општински услуги на компаниите, им беше претставена можноста за соработка во аплицирање на заеднички проекти меѓу Општина Илинден и компаниите од локалните економски зони, за користење на средства од програмата од ЕУ земјите кои поддржуваат развојна соработка меѓу јавниот и бизнис секторот.

21.11.2018 |

Кадетите од ООУ „Гоце Делчев“ најдобри на градскиот противпожарен квиз натпревар

Екипата од ООУ “Гоце Делчев“ од Општина Илинден, во категорија кадети го освои првото место на 34. противпожарен квиз натпревар во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

12.11.2018 |

Се одржа традиционалниот противпожарен квиз за учениците од основните училишта

Во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ се одржа традиционалниот Противпожарен квиз натпревар  за екипите во пионерска  и младинска конкуренција од општинските основни училишта „Гоце Делчев“ од нас. Илинден, „Ристо Крле“ од  н.м.Кадино и „Браќа Миладиновци“ од  н.м.Миладиновци.

02.11.2018 |

Советот на Општина Илинден ја одржа 14-та редовна сеница

Во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, Советот на Општина Илинден ја одржа својата 14-та редовна сеница. Советниците го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Илинден  за период од 01.01 до 30.09.2018 година, а беше донесена и одлука за за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на цени за продажба на селектиран отпад.

02.10.2018 |

Фудбалската школа Грозданоски одбележа две години постоење

Фудбалската школа Грозданоски одбележа две години од своето постоење во Општина Илинден. На пригодното одбележување на годишнината, присуствуваше и градоначалникот, Жика Стојановски.

13.09.2018 |

Извршена санација на премин на железничка пруга во населба Илинден

Општина Илинден во соработка со Македонски Железници АД Скопје извршија санација и реконструкција на преминот на железничката пруга на влезот во населба Илинден.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013