Prijavi problem

Настани

13.09.2018 |

Извршена санација на премин на железничка пруга во населба Илинден

Општина Илинден во соработка со Македонски Железници АД Скопје извршија санација и реконструкција на преминот на железничката пруга на влезот во населба Илинден.

12.09.2018 |

Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Во рамки на проектот на Општина Илинден „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, во тек е машинско чистење на Главениот канал-Горна зона во должина од 4.000 метри.

31.08.2018 |

Општински информатор „Илинден“ број 57-58

Објавен е новиот број на Општинскиот информатор „Илинден“ 57-58, каде што можете да најдете поголем број на содржини посветени на активностите во Општина Илинден. Покрај информациите за одбележувањето на Денот на Општината „Илинден 2-ри Август“, во новиот број на информаторот  е сместен посебен прилог посветен на 10. Јубилеен Спортски викенд „Илинден 2018“.

30.08.2018 |

Mинистерот Сугарески во работна посета на Општина Илинден

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна посета на Општина Илинден, при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски.

27.08.2018 |

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа

Од почетокот на годината досега Општина Илинден континуирано инвестираше во  одржувањето на отворената каналска мрежа што на територијата на Општината се протега во должина од 120 километри, подобрување на системот за зафаќање и одведување на  атмосферските води и поставување на  цевкасти пропусти.

31.07.2018 |

Австриски „Текспорт“ донираше шлемови за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“

Aвстриската компанија за производство на  заштитна облека „Текспорт“ донираше 25 заштитни шлемови за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“. Во присуство на градоначалникот на Општина Иинден, Жика Стојановски, донацијата ја предаде сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.

25.07.2018 |

Советот даде согласност за реализација на три капитални проекти

Советот на општина Илинден на својата 11. редовна седница донесе одлуки за утврдување на приоритет и давање на согласност за намена на инвестиции за три капитални проекти. Станува збор за проектите „Изградба на локален пат за поврзување на н.м Бујковци со локален пат н.м Ајватовци - н.м Мршевци“, „Изградба на пешачка патека за поврзување на населено место Марино (улица „500“)  со населено место Кадино (улица „11“)“ и проектот „Прифаќање и третман на отпадни води за населено место Кадино“, со кои општината ќе аплицира за обезбедување на средства.

21.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ - Тенис

Тенискиот турнир на Спортскиот викенд „Илинден 2018“ ќе се реализира на 22 јули од 09:00 до 20:00 часот. Натпреварите ќе се играат на тениските игралишта во Спортско-образовниот центар „Илинден“. На четирите тениски терени ќе настапат 16 тенисери.

21.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ – Велосипедска трка „Трофеј Илинден 2018“

Централен настан и на овој јубилеен 10-ти Спортски викенд ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2018”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ - Турнир во шах

Шаховскиот турнир што се реализира во соработка со Шаховската федерација на Македонија ќе се одржи во просториите на Домот на култура „Илинден“, на 21 јули од 10:00 до 15:00 часот . 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013