Prijavi problem

Известувања

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на култура „Илинден

На 20.08.2019 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

Атлетика - Спортски викенд „Илинден 2019“

На пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино која што е во должина од 2000 метри ќе се одржат натпреварите во атлетика-трчање. Во идеални услови за ваков вид на натпревари, над 250 ученици и младинци ќе се натпреваруваат во трките на 50, 150, 300, 600, 800 и 1500 метри. И годинава како најголема атракција се очекува трката на најмладите - дечињата од градинката „Гоце Делчев“.

Тенис - Спортски викенд „Илинден 2019“

Натпреварите на кои ќе учествуваат 16 тенисери ќе се играат на четирите тениски игралишта во Спортско-образовниот центар „Илинден“, а финалето е закажано за 28 јули (недела) со почеток во 10:30 часот.

Баскет - Спортски викенд „Илинден 2019“

На годинешниот турнир во баскет што ќе се одржи во Спортскиот центар „Марино“ ќе учествуваат 10 екипи. Турнирот ќе почне на 27 јули со почеток во 19:00 часот.

Турнир во шах - Спортски викенд „Илинден 2019“

На 27 јули од 10:00 до 14:00 часот, со учество на 40 шахисти кои ќе играат на 20 табли, во просториите на Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалниот шаховски турнир.

Велосипедска трка „Трофеј Илинден 2019“

Професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација и се бодува за купот на нашата земја, е централен настан на Спортскиот викенд „Илинден 2019“.

Фудбал - Спортски викенд „Илинден 2019“

Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“  ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар меѓу екипите на новиот второлигаш Кадино и Пелистер од Битола.

Известување - терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 25.07.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

Изложба на Снежана Колевска, во Домот на култура „Илинден“

На 26.07.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики на Снежана Колевска.

Крводарителска акција по повод Денот на Општината во Домот на култура „Илинден“

На 24.07.2019 година (среда) од 9:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, што се организира секоја година во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013