Prijavi problem

Инфо

27.12.2019 |

Усвоен е Буџетот на Општина Илинден за 2020 година

Усвоен е Буџетот на Општина Илинден за 2020 година, во вкупна вредност од 395.804.000 денари, или приближно 6,5 милиони евра.

25.12.2019 |

Отпочна со изградба новата детска градинка во Миладиновци

Општина Илинден во соработка со Министерството за труд и социјална политика отпочна со реализација на проектот за изградба на нова детска градинка во населеното место Миладиновци.

20.11.2019 |

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Општина Илинден го организираше 13-от Форум за Локален економски развој под мотото „Инвестициските патишта водат кон општина Илинден“, на кој учествуваа повеќе од 130 компании, кои стопанисуваат или се со седиште на територија на општината.

28.10.2019 |

Објава за 3 градежни парцели во новата населба Јака

Општина Илинден објави продажба на три парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“.

18.10.2019 |

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ 2019 за Општина Илинден

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година и беше доделена на Општина Илинден.

09.10.2019 |

Стојановски: Скоро и да нема невработен човек во Илинден, невработеноста намалена од 38 на 3 отсто

Жика Стојановски го одработува четвртиот мандат како прв човек на општина Илинден. Може да се пофали со многу капитални објекти и инвестиции како домашни така и странски. Невработеноста во општината додека е тој на чело е намалане од 38 на 3 отсто. За 24 инфо вели дека работата како градоначалник бара многу самооткажувања, така што многу тешко може да се раздели приватниот живот од работата.

30.09.2019 |

Донесен ребалансот на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Советот на општина Илинден на својата 27 седница ги изгласа и усвои измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година.

17.09.2019 |

Предлог измени и дополнување на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година се предлагаат поради потребата од дополнување на Буџетот со  нови средства за реализација на проекти за изградба на патишта, тротоари и фекална канализација преку аплицирање со проекти во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и грант од Светска банка, за успешна реализација на проектот за изградба на патот Кадино – Клучка Автопат А4.

27.08.2019 |

Изградба на фекална канализација

Во населба Илинден во тек е изградба на канализациски систем  на улицата „13“  и дел од улица „19“ во должина од 600 метри, припадна површина 7. Со изградбатa на овоj канализациски систем во рамките на кој се изградени 3 препумпни уреди и инсталирани 14 шахти се овозможува приклучување на приближно 60 домаќинства.

26.07.2019 |

Спортски викенд „Илинден 2019“

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 27 јули (сабота) и 28 јули (недела) 2019 година, ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2019“.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Масовно и во празнична атмосфера одбележано Богојавление-Водици
ilinden.gov.mk © 2013