Prijavi problem

Жителите на општина Илинден масовно го одбележаа празникот Водици

Објавено на: 19.01.2018 - 15:20

Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.

Најсреќен меѓу 60-та верници кој прв стигна до Богојавленскиот крст што беше положен во водите на езерото на хотелот Белви, беше 18-ет годишниот Филип Бошковски, од н.м. Кадино, кој по четврти пат учествува во оваа манифестација.

Од страна на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, како и  од претставници на јавните претпријатија, бизнисмени и граѓани на најрадосниот Филип Бошковски му беа доделени повеќе подароци.

Илјадници граѓани присуствуваа на оваа традиционална манифестација која што општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, од населба Илинден ја организираше по јубилеен десетти пат. Како и во изминатите години за посетителите на манифестацијата беа обезбедени топли пијалоци, како и традиционалната пифтија.

Богојавление е празник воспоставен во спомен на Христовото крштение во реката Јордан. На овој ден во сите храмови и цркви се осветува вода која луѓето ја земаат за во своите домови. Верниците на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“ и „Вистина се јави“.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013