Prijavi problem

Женската екипа на ОУ „Браќа Миладиновци“ најдобра во футсал

Објавено на: 07.03.2013 - 18:03

По повод празникот на жената 8-Март во спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден се одржа турнир во футсал во женска конкуренција. Натпреварот беше во организација на Сојузот на училишен спорт, а се натпреваруваа трите основни училишта од Општината. 

Публиката не го криеше задоволството и со силни аплаузи ги бодреше учесничките по секој даден гол. 

За најдобри на турнирот беа прогласени ученичките од ОУ „Браќа Миладиновци“  кои веќе трета година по ред го освојуваат и првото место на град Скопје, а два пати досега екипата била и државен шампион.  На второ место се пласираа ученичките од ОУ „Гоце Делчев“, а трети ОУ „Ристо Крле“.

  За најдобрите Општина Илинден обезбеди пехари и благодарници што им ги додели градоначалникот Жика Стојановски.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013