Prijavi problem

Завршна приредба во градинката „Гоце Делчев“

Објавено на: 30.05.2017 - 12:58

Со незаборавна завршна приредба што се одржа на извонредно поставената сцена во дворот на градинката „Гоце Делчев“, дечињата од големите групи „Цвет“, „Сонце“, „Јаготка“ и „Пчелка“ ги одбележаа завршните денови поминати во градинката.

Со песна и игра пред голем број родители и гости, идните првоодделенци се поздравија со своите воспитувачки и негувателки.

Тема на годинешната завршна приредба беа македонските забавни евергрини од 70-те години па досега, кои преку одлична сценографија и прекрасни костими ни ги доловија малите дипломци.

Градинката „Гоце Делчев“ ја одржа осмата завршна приредба од своето постоење, а од септември годинава во училишните клупи ќе седнат 85 дечиња од оваа градинка.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013