Prijavi problem

Во училишните клупи седнаа 210 првачиња

Објавено на: 01.09.2016 - 10:31

За 2.000 основци и 260 средношколци од Општина Илинден почна новата учебна година. Најрадосни меѓу нив беа оние што за прв пат седнуваат во училишните клупи-првачињата. Годинава прв училишен час имаа 210 првоодделенци. 

Добредојде и успешен почеток во новата учебната година, но и во понатамошното образование на учениците од трите централни, петте подрачни училишта и Средното општинско стручно училиште „Илинден“ им посака градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски

По повод стартот на новата учебна година, градоначалникот Стојановски го посети СОСУ „Илинден“, како и трите централни основни училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, при што  на сите првачиња им подели пригодни подароци.

На првиот училишен ден, во чест на првачињата, учениците од повисоките одделенија подготвија пригодни приредби.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013