Prijavi problem

Во тек градежните активности на повеќенамеснкото игралиште во Илинден

Објавено на: 19.07.2013 - 14:15

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски направи увид за текот на градежните работи за изградбата на повеќенаменско игралиште во нас.Илинден. Повеќенаменското игралиште е дел од Проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 повеќенаменски игралишта на територијата на целата држава и се реализира во соработка на Агенцијата за млади и спорт.

Игралиштето со димензии 45,5 на 28,5 метри ќе располага со трибини кои што ќе бидат соодветно оградени, спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови.  Истите ќе бидат заградени и осветлени за спортување и одигрување на натпревари во ноќните часови, а инвестицијата ќе чини 5.000.000 денари.

Со изградбата на овој објект жителите на Општината, пред се младите, ќе можат да го слободното време да користат за спорт и рекреација, но и за организирање на многубројните турнири што редовно се одржуваат во Општина Илинден.

Мултинаменското игралиштето ќе може да се користи деноноќно и ќе биде место за собирање на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013