Prijavi problem

Во градинката „Гоце Делчев“ одбележан големиот празник 11 Октомври

Објавено на: 13.10.2013 - 19:42

Во пресрет на големиот празник Денот на народното востание - 11 Октомври, во детската градинка  „Гоце Делчев" во Општина Илинден беа организирани повеќе активности со цел најмладите да го разберат значењето на овој важен датум за македонската историја.


Преку видео-матреијали и слики од истакнати борци на дечињата од градинката им беше презентиран придонесот на Република Македонија во борбата против фашизмот во Втората светска војна.

 
Активностите завршија на весел начин со проследување на спот за песната "Под ова знаме" и изработка на македонското знаме на различни начини : со салфети, колаж хартија, како и цртање на знамето.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013