Prijavi problem

Во Домот на култура „Марино“ отворена втората општинска библиотека

Објавено на: 20.04.2017 - 16:52

Во рамките на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, во Домот на култура „Марино“ отворена е втората општинска библиотека во Општина Илинден. Почетниот фонд на книги во библиотеката е донација од издавачката куќа „Матица Македонска“ со која Општина Илинден веќе низ години има одлична соработка и со чија поддршка ја организира Литературната манифестација „Илинден“.

Преостанаттите книги во библиотеката се обезбедени со манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“ во која во изминатите 11 години се собрани 32.000 книги кои се наоѓаат на полиците на Општинската библиотека „Илинден“ во населба Илинден, како и во библиотеките на трите основни општински училишта.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, за време на отворањето на библиотеката искажа благодарност до издавачката куќа „Матица македонска“ за донацијата, потенцирајќи ја извонредната соработка со оваа куќа, како и со Друштвото на писателите на Македонија. Тој додаде дека отворањето на библиотеката е дел од континуираните активности на локалната самоуправа во насока на обезбедување поволни услови за негување и унапредување на културата која е белег на нашето постоење и значаен симбол на идентитетот на секој  народ.

-Трајна определба на Општина Илинден е преку зоботувањето на културните настани и објекти да ги чува и негува нашата богата историска, културна и фолклорна традиција, па во таа насока и нашите настојувања за приближување на книгата и пишаниот збор до што поголем број на граѓани, истакна градоначалникот Стојановски.

На отворањето на новата библиотека учествуваа и повеќемина писатели кои не го криеја задоволството што денес, како што рекоа, кога малкумина мислат на пишаниот збор, во Општина Илинден веќе се отвора втора библиотека. Особено затоа што, како што рекоа некои од нив, во последните десетлетија во нашата земја се регистрираат само затворања на постоечките библиотеки. Притоа, тие ги посетија и преостанатите простории во Домот на култура „Марино“, воодушевени од можностите што тој ги пружа во реализацијата на настани од областа на културата.

По повод отворањето на библиотеката во Домот на култура „Марино“ се одржа пригодна свеченост на која со свои творби се претставија неколкумина ученици-млади писатели од Општина Илинден кои веќе имаат издадено свои книги или, се во подготовка да издадат.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013